Лерој Сане нема да потпише нов договор со Манчестер Сити и тоа јасно го ставил до знаење на клубот.
Сане веќе подолго време во медиумите се поврзува со заминување, а сега Пеп Гвардиола јавно ја потврди желбата на фудбалерот да го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако откако сезоната заврши клубовите се договорат за оштетата Сане ќе си замине ова лето, ако тогаш тоа ќе го направи наредното лето кога ќе му заврши договорот“, изјави Гвардиола.
Клубот кој Гвардиола не го именуваше веројатно е Баерн Минхен. Сане минатото лето имаше скоро договорен трансфер во Германија меѓутоа се пропадна кога тој заработи тешка повреда во Комјунити Шилд.