Mикел Артета и покрај одличната сезона планира да го освежи тимот на Арсенал во текот на летото.
Се уште е во тек борбата за титулата, меѓутоа веќе е потврдено првото заминување од редовите на „топџиите“. Мејтланд-Најлс кој Арсенал го испража по позајмици од дебито во сезоната 2014/2015 сака нов почеток.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најлс е продукт на школата на Арсенал, а сега во изјава за британските медиуми потврди дека сака да се поздрави со својот сегашен клуб.
„Беше ова одлично патување, но сега дојде крајот (во Арсенал). Време е за нов почеток и пронаѓање на нов дом“, изјави Најлс.
На позајмици Најлс беше испраќан три пати – ВБА, Рома и Саутемптон, а за Арсенал собра 132 настапи.