Дома Топ вести Потврдено: Меси одбил три пати поголема плата за да остане во Барселона!

Потврдено: Меси одбил три пати поголема плата за да остане во Барселона!

Лионел Меси минатата сезона го продолжи договорот со Барселона иако долго време се шпекулираше дека ќе го напушти клубот.

Меси најмногу се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити кои не штедел, но на крајот не успеале да го убедат Аргентинецот да се пресели во Манчестер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претседателот на овој клуб Каладон Ал Мубарак призна дека во сето тоа бил вклучен и Пеп Гвардиола.

Управата на Манчестер Сити се обидела да го искористи добриот однос на Гвардиола со Меси и му порачале да направи се за да го убеди да се пресели во Сити. Сепак, на крајот не успеале во намерата.

„Лео Меси е единствениот играч кој сум сакал да го доведам, а не сум успеал. Баравме од Гвардиола да зборува со него и да го убеди да дојде. Му нудевме три пати поголема плата од онаа која ја заработува во Барселона, но Меси не сакаше да слушне за такво нешто“, откри Ал Мубарак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…