Ништо од жалбата на Каталонците.
Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике и дефинитивно ќе го пропушти дербито против Валенсија поради суспензија.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Барслеона приложи жалба поради сомнителниот жолт картон на натпреварот против Леганес, но комисијата го одби барањата на Каталонците, па Ернесто Валверде ќе мора да пронајде друго решение.
Тоа всушност е голем проблем за Барселона, бидејќи Хавиер Маскерано е повреден, а Валверде нема преголема доверба во Томас Вермален, па поради тоа се шпекулира дека шанса може да добие некои фудбалер од „Б“ тимот на Барселона.
Дербито помеѓу првопласираната и второпласираната екипа во Примера на програмата е во недела со почеток во 20:45 на „Местаља“.