Бразилскиот репрезентативец Алан (29) ќе го комплетира трансферот во Алан потврди денес претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.
Конечната цена за искусниот играч за врска изнесува 25 милиони фунти и сега е јасно дека Карло Анчелоти ќе соработува со Алан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лаурентис тврди дека има бројни понуди за неговите играчи.
„Телефонот цело време ми ѕвони, пристигнуваат понуди. На многу им ја прекинав врската и им кажав дека нема така лесно да ги добијат нашите фудбалери“.
Кога во прашање е Алан тој потврди дека работата е завршена.
„Со нас е веќе пет години и заминува кога е во врвот на својата играчка кариера. Сигурен сум дека ќе му биде од голема помош на Карло во Евертон“, изјави првиот човек на Наполи.
Треба да споменеме и дека Евертон на големо преговара со Реал за Хамес Родригез.