Француските медиуми тврдат дека Нејмар постигнал комплетен договор со ПСЖ за продолжување на соработката.
Откако изминатата година Нејмар настојуваше да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, работите се променија и тој одлучи кариерата да ја продолжи во Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После неколкумесечни преговори двете страни постигнаа согласност и наскоро Нејмар ќе стави потпис на договор до 2026 година.
Нејмар пред неколку дена наполни 29 години, па новиот договор значи дека многу веројатно тој ќе ја заврши кариерата во ПСЖ.
Нејмар има договор со ПСЖ до 2022 година и моментално заработува 31 милион евра годишно, а финансиските детали од новиот договор се уште не се познати.