Дома Трансфер зона Постигнат договор: Лукас Пакета се сели во Лион

Постигнат договор: Лукас Пакета се сели во Лион

Лион и Милан постигнаа договор за трансфер на плејмејкерот Лукас Пакета, потврди „Скај Италија“.

Пакета пред две години пристигна на „Сан Сиро“ како еден од најголемите бразилски таленти, но не се снајде најдобро во Серија А.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Пакета не влегуваше во плановите на тренерот Пиоли, па Бразилецот кариерата ќе ја продолжи во Франција.

Лион во него гледа идеална замена за Хусем Оар, кој е на чекор од Арсенал, па брзо постигна договор со Милан.

Лион за потписот на Пакета ќе плати 20 милиони евра плус бонуси, а Милан со неговата продажба ќе финансира купување на нов дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…