Дома Фудбал Останато Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго време се шпекулира кој би можел да го замени на таа позиција.

Имаше голем број на кандидати, но, според сите проценки, Јулијен Лопетеги е тој што ќе добие уште една шанса да се покаже во Премиер лигата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Лопетеги си замина од Вулверхемптон и Премиер лигата поради нестабилната финансиска ситуација, иако имаше солидни резултати, а тој престој во Вулверхемптон беше негов единствен „излет“ во Премиер лигата досега.

Сега како што стојат работите ќе добие нова прилика. Најавите се дека тој ќе биде нов стратег на Вест Хем бидејќи останува само да се договорат последните детали.

Досега Лопетеги работеше во Рајо Ваљекано, ги водеше јуниорските категории на шпанската репрезентација, беше во Порто, шпанската репрезентација, Реал Мадрид и Севиља, пред да пристигне во Вулвс пред две години. По една година пауза, време е за нова работа..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зиркзе сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Милан во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот, а прва желба е играчот на Манчест…