Дарвин Нуњез е еден од најбараните фудбалери во овој момент, а како што стојат работите негов нов клуб ќе биде Ливерпул каде што ќе се пресели за сума од 100 милиони евра.
Последните информации на најпознатите медиуми и новинари говорат дека Ливерпул прифатил да плати 80 милиони евра, плус 20 како бонуси. Договорот е веќе постигнат и недостасува само уште потписот на фудбалерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сезонава Нуњез играше одлично за Бенфика и го сврте вниманието на себе, се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед меѓутоа на крајот го избра Ливерпул. Со неговото пристигнување веројатно станува јасно дека Садио Мане ќе си замине.
Засега Ливерпул одби две понуди од Баерн Минхен за Мане, последната беше од 30 милиони евра. Објавени се и детали од договорот на Нуњез и тој би требало да заработува осум милиони евра за соработка до 2027 година.