Дома Трансфер зона Постигнат договор: Игало останува во Манчестер Јунајтед!

Постигнат договор: Игало останува во Манчестер Јунајтед!

Вчера официјално истече позајмицата на Одион Игало од Шангај Шенуоха во Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ веќе неколку недели беа во преговори со кинескиот клуб и на крајот успеаа да постигнат договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шангај очајно сакаше да го врати Игало во своите редови пред рестартот на сезоната во јуни, бидејќи има договор до 2022 година. Сепак желбата на фудбалерот беше да остане во Манчестер и да продолжи да игра за клубот од „Олд Трафорд“.

Двата клуба официјално постигнаа договор за продолжување на позајмицата до јануари 2021 година, а после тоа ќе може да преговара за негов перманентен трансфер.

„Ѓаволите“ со тоа нема да имаат потреба да платат 20 милиони фунти, колку што бараше Шангај за целосно да го ослободи играчот, и наместо тоа ќе ги добијат неговите услуги за уште дополнителни седум месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…