Фудбалската асоцијација на Англија, Премиер лигата и Англиската фудбалска лига се блиску до договор за воведување на зимска пауза.
Според „Скај Спорт“, многу од планираните промени во принцип веќе се одобрени. Раководството на ФА денес беше информирано за развојот на разговорите, кои започнаа пред две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако се дојде до краен договор, зимската пауза ќе стапи во сила од 2019 година.
Според прелиминарниот план, едно коло од Премиер лигата ќе биде поделено во две недели, откако ова ќе им даде одмор на тимовите од натпревари за првенството.
Петтиот круг од ФА Купот на Англија, пак, ќе се одигра во текот на неделата, а не во текот на викендот, а реванш нема да има, откако дуелите ќе бидат решавани со продолженија и пенали.
Winter break finally coming to English football during 2019-20 season https://t.co/ardojJKDSA
— Telegraph Football (@TeleFootball) April 18, 2018