Дома Фудбал Италија Постигнат договор, Бенасер наскоро става потпис

Постигнат договор, Бенасер наскоро става потпис

Милан постигна договор со Исмаил Бенасер за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

24-годишниот Бенасер игра одлично и во последните сезони се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2023 година, но Милан сака да го награди за добрите партии со побогат договор.

Последните информации се дека двете страни постигнале договор и Бенасер ќе стави потпис до 2027 година, а годишно ќе заработува 4 милиони евра плус бонуси.

Алжирецот во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, која ќе биде избришана со новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флорентино Перез повлече потег на кариерата и го договори Клоп, но еден човек може да му ги сруши соништата

Името на Јирген Клоп повторно ја размрда европската фудбалска јавност, овој пат во контекс…