Дома Трансфер зона После четири години и 80 погодоци Давид Виља заминува од САД

После четири години и 80 погодоци Давид Виља заминува од САД

Давид Виља повеќе нема да настапува во МЛС лигата.

Шпанскиот ветеран Давид Виља денес соопшти дека повеќе нема да игра за тимот на Њујорк Сити.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Виља во овој клуб помина четири години и постигна 80 погодоци во МЛС лигата каде што повеќе и дефинитивно нема да настапува.

Својот нареден клуб Виља ќе го открие во наредниот период, а како можна дестинација се споменува Јапонија.

„Моето искуство тука беше феноменално. Овој клуб ми овозможи да поминам убав период како фудбалер, личност и семеен човек. Засекогаш ќе се сеќавам на ова искуство“, изјави Давид Виља кој веќе има 36 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…