Сандер Сагосен игра неверојатно на ова Европско првенство, а за неговите настапи најдобро зборува статистиката.
Моќниот среден бек на Норвешка е вистински лидер на својот национален тим и ги предводеше Норвежаните до седум победи кои им обезбедија полуфинале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
24 годишниот член на ПСЖ до сега постигна 51 гол и се наоѓа убедливо на првото место на листата на стрелци.
После неколку првенства во овој момент е загрозен рекордот на македонската легенда Кире Лазаров. Лазаров на Европското првенство во Србија на кое Македонија заврши на петтото место постигна 61 гол.
Сагосен има реални шанси да го сруши рекордот на Лазаров бидејќи пред себе има уште три натпревари, почнувајќи од денешниот со Словенија.