Лионел Меси ова лето беше блиску до преселба во Манчестер Сити, но Барселона бараше да биде исплатена откупната клаузула, па Аргентинецот остана на „Камп Ноу“.
Поради тоа Меси мораше да остане во Барселона, но бидејќи неговиот договор завршува следното лето, се шпекулира дека ова ќе му биде последна сезона во Каталонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еминентниот „ЕСПН“ денес објави дека таткото на Меси, Хорхе веќе започнал преговори со ПСЖ и дека двете страни се блиску до договор (ОВДЕ).
Меѓутоа, Хорхе Меси веднаш се огласи на социјалните мрежи и категорично демантираше дека тоа се лажни вести.
„Престанете да измислувате работи“, порача таткото на Меси.
?| Lionel Messi's father and representative Jorge Messi on instagram regarding the PSG rumours!
— BarcaBuzz (@Barca_Buzz) November 11, 2020
"STOP INVENTING. Fake News" pic.twitter.com/83bvICWfpE