За македонскиот напаѓач од редовите на Коњаспор, Адис Јаховиќ во овој преоден рок владее голем интерес.
После Бешикташ медиумите во Турција објавија дека клубови од арапскиот свет тропнале на вратата на Коњаспор да се распрашуваат за Јаховиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа во Коњаспор не се располжени да преговараат за трансфер на Јаховиќ за помалку од четири милиони евра.
Јаховиќ во Коњаспор направи трансфер минатата година од Гецтепе за сума од 1.5 милион евра. Минатата сезона тој ја заврши како трет стрелец во турското првенство, оваа сезона на 16 натпревари запиша шест гола и шест асистенции.
На почетокот од преодениот рок Бешикташ испратил понуда за Јаховиќ за сума од 1.6 милион евра, но истата експресно била одбиена.
Ќе потсетиме, неодамна во Коњаспор пристигна и Леонард Жута кој направи трансфер од Риека за 400.000 евра.
https://www.youtube.com/watch?v=4Z2r_-0s-2Q