Дома Фудбал Италија Посебна камера ги следеше реакциите на Роналдо на клупата 🎥

Посебна камера ги следеше реакциите на Роналдо на клупата 🎥

Јувентус сезоната ја заврши со пласман во Лигата на шампионите и со освоени Куп на Италија и Суперкуп, додека Кристиано Роналдо со 29 голови беше најдобар стрелец во Серија А.

„Старата дама“ во елитното европско натпреварување заврши откако ја победи Болоња со 4:1, а Верона успеа да освои бод против Наполи (1:1).

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во клучниот натпревар на Јувентус Роналдо беше на клупата за резерви и тоа беше изненадување.

„Заедно донесовме одлука да не игра. Беше уморен после напорот во финалето од купот и одлучив да игра некој друг како што е Мората (постигна два гола)“, изјави Пирло после натпреварот.

Останувањето на Роналдо на клупата предизивика големо внимание па така посебна камера ги следеше неговите реакции и од она што може да се забележи Португалецот немаше апсолутно никаков проблем. На крајот и го славеше пласманот со соиграчите.

Дека нема проблем со Пирло докажува и неговата објава на социјалните мрежи по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Атлетико Мадрид премина во сопственост на Американци!

Шпанскиот Атлетико Мадрид објави дека од следната година мнозинскиот сопственик на клубот …