Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Португалската федерација побарала голот против Уругвај да биде запишан на Роналдо

Португалската федерација побарала голот против Уругвај да биде запишан на Роналдо

Португалија вчера го победи Уругвај со 2:0 и така обезбеди пласман во осминафиналето на едно коло пред завршувањето на групната фаза, меѓутоа по овој натпревар многу се пишува за првиот гол на Португалците.

Бруно Фернандеш сакајќи да нафрли за Роналдо се запиша во листата на стрелци. Роналдо самиот после натпреварот тврдеше дека ја допрел топката (тука) и дека треба да му биде него запишан тој гол.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Но, изгледа дека работата не останала само на тврдење на Роналдо. Наводно, Фудбалската федерација на Португалија испратила официјално барање до ФИФА како стрелец да биде запишан Роналдо место Бруно Фернандеш.

Во жалбата тие напоменуваат дека Роналдо играл со топката. Вакво барање досега на Мундијалите не се памети, па останува да се види дали ФИФА ќе реагира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Јунајтед со нова официјална понуда за Мбемо

Од Манчестер Јунајтед испратија нова официјална понуда до колегите од Бренфорд за крилото …