Поранешниот шеф на Ферари и голем пријател на Михаел Шумахер, Жан Тод е еден од ретките кои можат да го посетуваат легендарниот возач.
Во декември ќе изминат седум години од несреќата на скијањето која го промени животот на Германецот. Шумахер се здоби со тешки повреди на главата и за неговата состојба не се знае многу. Тод открива дека минатата недела бил кај Шумахер.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
„Го видов Шумахер минатата недела. Се бори. Знаеме дека имаше страшна несреќа која му направи многу проблеми. Покрај себе тој има неверојатна жена и деца, медицинска сестра и можеме да му го посакаме најдоброто. Се што можам да направам е да бидам покрај нив додека не можам да помогнам, кога ќе можам да помогнам ќе го направам тоа“, изјави Тод.