Дома Фудбал Англија Поранешниот фудбалер на Ливерпул потегот на Кепа го спореди со оној на Кантона пред 24 години

Поранешниот фудбалер на Ливерпул потегот на Кепа го спореди со оној на Кантона пред 24 години

keppa

Кeпа Аризабалага се најде на големи критики од бројни поранешни фудбалери кои играа на Островот.

На страната на оние кои сметаат дека Кепа направил нешто што не смеел да си го дозволи застана поранешниот играч на Ливерпул, Стен Колмор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според него Кепа повеќе никогаш не треба да застане на голот на Челзи, а ја искористи приликата она што го направи Баскиецот да го поврзе со она што го направи Ерик Кантона.

„Тоа што Кепа Аризабалага одби да излезе од игра во финалето од Лига Купот е најнепрофесионалниот чин кој некогаш сум го видел на фудбалските терени. Ова беше нешто најлошо уште од потегот на Ерик Кантона пред 24 години“.

„На Аризабалага не треба да му се дозволи повеќе да брани за Челзи, без оглед што на него минатото лето беа потрошени повеќе од 70 милиони фунти. Треба да биде резерва до крајот на сезоната. Треба клубот и Сари сега да му кажат: Губи се додека не започне трансфер периодот“, смета Колмор.

Јасно е дека вакво нешто е невозможно бидејќи пред се Сари не е во позиција да поставува било какви услови и веќе на големо се пишува за негов отказ поради слабите резултати, а од друга страна „сините“ сигурно нема да ја „фрлат во вода“ огромната сума потрошена минатото лето.

Ќе потсетиме, Челзи веќе го казни Кепа со една неделна плата (200.000 фунти) која ќе биде донирана во хумантирани цели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…