Дома Фудбал Останато Поранешниот фудбалер на Ливерпул го посрамоти претседателот на Франција 🎥

Поранешниот фудбалер на Ливерпул го посрамоти претседателот на Франција 🎥

Францускиот претседател Емануел Макрон учествуваше на хуманитарниот фудбалски натпревар „Pièces jaunes“, кој се одржа за финансирање проекти за поддршка на хоспитализирани деца и адолесценти.

На натпреварот кој се одигра во Плаисир, главен судија на натпреварот беше Стефани Фрапарт, а учествуваа фудбалски легенди како Дидие Дешамп, Дидие Дрогба, Кристијан Карембеу и Еден Азар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Макрон постигна гол од пенал во натпреварот кој заврши 5:2 во корист на неговиот тим, а она што ги „освои“ социјалните мрежи е потегот на поранешниот играч на Ливерпул Ел-Хаџи Диуф.

Сенегалецот направи неколку дриблинзи и му ја протна топката низ нозете на Макрон, кој немаше друг избор освен да го фаулира Диуф.

Покрај Ливерпул, Диуф играше и за Сошо, Рен, Ленс, Болтон, Сандерленд, Блекбурн, Ренџерс и Донкастер, Лидс и Сабах. За репрезентацијата на Сенегал одигра 70 натпревари и постигна 24 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…