Лионел Меси овие денови е во центарот на вниманието, но не поради некоја негова магија на што навикнавме туку поради можноста на крајот од сезоната да ја напушти Барселона.
Претседателот Хозе Марија Бартомеу неодамна откри дека Меси иако има договор до 2021 година може да го напушти клубот ова лето поради клазулата во договорот и тоа без оштета.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Меси потоа можеби малку ги загрижи навивачите со изјавата дека Барселона можеби не направиле се што може да го доведе Нејмар. Посебно силно одекнаа зборовите за неговата иднина.
„Ова е мој дом и не сакам да заминам. Но сакам да победувам“.
Messi explains why he doesn’t do long term deals at Barcelona @SONTHighlights pic.twitter.com/5mLeH8BJ9J
— SONTFootball (@SONTFootball) September 13, 2019
Сега поранешниот претседател на Барселона Жоан Гаспарт во разговор за „Ел Ларгуеро“ го прокоментира ова интервју на Меси и новонастанатата ситуација.
„Иниеста и Чави имаа слични клазули, тоа не е ништо ново, тоа е дел од филозофијата на Барселона. Го познавам Меси и не мислам дека неговите зборови се закана или предизвик за клубот, не е тоа негов стил. Меѓутоа клубот треба овие негови зборови да ги сфати како предупредување дека не му се допаѓа во која насока се движат работите“, изјави Гаспарт.
За Нејмар Гаспрат смета дека во ПСЖ барале повеќе отколку што се пишуваше.
„Знам дека Барселона и претседателот Бартомеу се обидоа да го доведат Нејмар, но ПСЖ на крајот бараше 300 милиони евра. Нејмар е фантастиче ниграч, меѓутоа тука беше прашање на достоинство. Барса никако немаше да прифати да плати толкава сума“, додаде Гаспарт.
Gaspart thinks Messi's words were "a warning to the club that he doesn't like how it's going" https://t.co/nLK4xdXlZT
— AS English (@English_AS) September 13, 2019