Дома Фудбал Поранешниот играч на Реал и ПСЖ пристигнува во Серија А

Поранешниот играч на Реал и ПСЖ пристигнува во Серија А

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, Хесе Родригез денес ќе го комплетира трансферот во Сампдорија.

Хесе веќе е на медицински прегледи во италијанскиот клуб. Клубот е во зоната на испаѓање во Серија А и Сампдорија за него нема да плати ништо. Последнито клуб за кој играше беше турскиот Анкарагучи кој го напушти по 16 одиграни натпревари и пет постигнати голови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со Сампдорија Хесе ќе потпише договор до крајот на сезоната со можност да се продолжи на уште една.

Во кариерата претходно настапуваше за Реал Мадрид и двапати ја освои Лигата на шампионите. Вкупно за „кралевите“ постигна 18 голови на 94 натпревари. Во ПСЖ одигра само 18 натпревари и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави новиот дрес на Реал Мадрид, наредната сезона ќе има историска промена (Фото)

Реал Мадрид подготвува редизајн на своите дресови за следната сезона, а веб-страниците Foo…