Дома Фудбал Германија Поранешниот агент на Левандовски: Сака да покаже дека е подобар од Бензема

Поранешниот агент на Левандовски: Сака да покаже дека е подобар од Бензема

Роберт Левандовски инсистира да се пресели во Барселона, иако има уште една година од договорот со Баерн Минхен.

Барселона веќе има договор со Левандовски, но е во лоша финансиска ситуација и не може да се договори со Баварците.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Поранешниот агент на Полјакот, Чезари Кухарски за „Кадена Сер“ проговори за плановите на играчот.

„Тој сака да покаже дека е подобар од Бензема, па ова е уште една причина да замине во Барселона. Левандовски нема емоции, за него фудбалот е работа и тој е исклучителен професионалец. Реал Мадрид и Барселона се на исто ниво“, изјави полскиот менаџер.

„И Барса и Левандовски ќе се борат за овој трансфер. Мислам дека тоа е сосема можно, го гледам тоа. Тој мора да го притисне Баерн да го пушти побрзо. Шефовите на Баерн знаат дека сака да оди во Шпанија. Неговиот план беше Германија, потоа Шпанија и кариерата да ја заврши во САД“, откри Кухарски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…