Дома Македонски спорт Мак фудбал Поранешна репрезнетативка на Македонија постигна 11 гола на еден натпревар!

Поранешна репрезнетативка на Македонија постигна 11 гола на еден натпревар!

Поранешната репрезентативка на Македонија, Афродита Салихи на 35 години одигра фантастичен натпревар во дресот на ЖФК Кочани.

Нејзиниот тим викендов славеше победа од 16:1 против Борец, а Салихи на овој натпревар постигна неверојатни 11 погодоци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Екс-репрезентативката постигна седум гола уште во првото полувреме, па додаде нови четири во вториот дел. Овие нејзини 11 голови се веројатно рекорд за официјален натпревар во женскиот фудбал во Македонија.

Пред да се повлече од националниот тим таа беше стандардна репрезентативка и собра јубилејни 100 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…