Mинатата сезона екс-кошаркарот, Џеј Џеј Редик даваше поддршка за Никола Јокиќ, но сега го нарече српскиот кошаркар голем лажго и тоа во моментите кога тој беше прогласен за најдобар кошаркар за месец ноември во Западната конференција.
Српскиот кошаркар беше убедливо најдобар минатиот месеци, а и понатаму е прв кандидат за МВП титулата. Поранешниот ас на Орландо, Ла Клиперс, Филделфија и Њу Орлеанс изјави дека не паѓa на приказната дека Јокиќ не размислува на кошарка во текот на летото и одмора цело лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Искрено не верувам во тоа. Не верувам во приказната како оди дома и не чепка кошарка, а потоа доаѓа и во првата недела има просек од 30 поени, 12 скока и девет асистенции“, изјави Редик.
Јокиќ седми пат во кариерата го доби признанието за најдобар во НБА лигата и тоа е нов рекорд за тимот од Колародо. Од почетокот на сезоната Јокиќ има просек од 29 поени, 13.2 скокови и 9.2 асистенции.