Дома Македонски спорт Мак фудбал Поранешен младински репрезентативец на Македонија е петтото засилување за Вардар

Поранешен младински репрезентативец на Македонија е петтото засилување за Вардар

21 годишниот дефанзивец Александар Ѓурковски е нов играч на ФК Вардар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓурковски потекнува од млдинската школа на црвено-црните и тој е петто засилување за вардарци во овој зимски преоден рок.

Во првиот тим на Вардар настапуваше во сезоната 2020/21 забележувајќи 19 настапи. Во ПМФЛ покрај Вардар го носеше уште дресот на Шкупи и Тиквеш каде вкупно собра 48 натпревари. Исто така ги помина сите младински селекции на Македонската репрезентација.

Претходно Вардар ги доведе Лука Шушњара, Мустафа Мујезиновиќ, Марјан Алтипармаковски и Дејан Ѓуриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …