Дома Фудбал Останато Поранешен играч на Манчестер Сити погоди директно од корнер во 123. минута за пласман во следната фаза од квалификациите за ЛШ

Поранешен играч на Манчестер Сити погоди директно од корнер во 123. минута за пласман во следната фаза од квалификациите за ЛШ

Екипата на Слован Братислава се пласираше во второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите откако постигна два гола во завршницата од дополнителните 30 минути во Грузија.

После 180 натпревари Динаму Батуми и Слован Братислава не дадоа гол и натпреварот отиде во продолжение. Динамо во 104. минута поведе со 1:0 и изгледаше дека е поблиску до пласман во следната фаза, но поранешниот играч на Вардар Тигран Барсегјан изедначи во 115. минута.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Со тој резултат се беше подготвено за изведување на пенали, меѓутоа Владимир Вајс кој е поранешен играч на Манчестер Сити, Болтон и Ренџерс не мислеше така. Постигна гол директно од корнер во 123. минута и така Братислава продолжи во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вака изгледа хет-трикот на најскапиот играч во историјата на МЛС-лигата (Видео)

Јужнокорејскиот репрезентативец Сон Хјунг-мин (33) постигна три гола за Лос Анџелес во гос…