Дома Останати Тенис Поранешен англиски фудбалер: Играта со глава треба да се укине!

Поранешен англиски фудбалер: Играта со глава треба да се укине!

Поранешниот англиски фудбалер, Тери Бучер излезе со интересно мислење во јавноста и смета дека играњето со глава треба да се укине во фудбалот.

Неговото објаснување е дека на тој начин кај фудбалерите доаѓа до сериозни повреди при судирите. Според него ако нема играње со глава фудбалерите би биле повеќе заштитени.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Играњето со глава е она на што сме навикнати на Островот поради начинот на кој игравме, но мислам дека и без него може да се „преживее“. Ако нема играње со глава би се намалиле судирите кои можат да доведат тешки трауми и оштетување на главата. Играта лесно би се прилагодила, а можеби ќе гледаме и подобар фудбал“, изјави Бучер.

Тешко дека ова може да стане реалност, но во случај нешто сериозно да се рзагледа сигурно фудбалот не би бил ист каков што го знаеме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ВАДА: Синер заслужува суспензија поради допингот!

Случајот на два позитивни теста на допинг контрола на Јаник Синер сè уште е во мирување. О…