Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на Вембли. Един Терзиќ, тренерот на клубот од Дортмунд кој го освои петтото место во Бундеслигата, верува дека можат да го победат Реал.
„Ќе се соочиме со исклучително силен тим кој често пати игра финале, но знаеме дека се е можно во еден натпревар“, изјави Терзиќ за УЕФА.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Да игравме десет пати со Реал Мадрид, веројатно ќе беше тешко да се победи во целина, но на еден натпревар, во текот на 90 или 120 минути и пенали, можеме да го победиме секој противник во светот“, додаде Терзиќ.
Реал е фаворит во Лондон и тоа ќе им биде шесто финале во Лигата на шампионите во последните десет години за „кралевите“ кои вкупно имаат 14 титули во најелитното европско натпреварување.