Болен пораз претрпе Реал Мадрид во полуфиналето од шпанскиот куп против Барселона.
Резултатот 3:0 не беше реална слика на она што го видовме на теренот. Реал Мадрид посебно во првото полувреме беше опасен и создаваше прилики, но сепак кај „кралевите“ изостана реализацијата. Барселона упати само четири удари кон голот на домаќините, но три од тие четири завршија во мрежата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неправедноста на поразот тешко ја поднесе младиот 22 годишен лев бек на Реал Мадрид, Серхио Регулион кој после натпреварот се расплака. До него беше соиграчот Лукас Васкез кој се обидуваше да го утеши, но не му помогна многу.
Sergio Reguilón es puro Madridismo. pic.twitter.com/DrD97vUcAc
— Cristiano Ronaldo ⬜⬛ ? (@Cr7Fran4ever) February 27, 2019
Младиот Шпанец кого Сантијаго Солари го форсира место Марсело е едно од откритијата оваа сезона, но не можеше многу да помогне во овој натпревар каде што Барселона предводена од Тер Штеген, Дембеле и Суарез однесе убедлива победа.
Регулион е производ на младинската школа на шпанскиот гигант и навивачите на овој клуб исклучително го ценат, а после овие сцени сигурно дека ќе собере уште повеќе симпатии.
Младиот фудбалер после натпреварот се огласи и на социјалните мрежи.
„Го научив тоа додека бев дете во овој клуб. Кога ќе паднеш, стануваш“ порача Регулион.
Lo aprendí cuando era un niño en este mismo club. Si te caes, te levantas. #HalaMadrid pic.twitter.com/zn3UYBHk7C
— Sergio Reguilón (@sergio_regui) February 28, 2019
Оваа сезона зад своето име тој има 17 настапи и две асистенции, одигра 1347 минути за актуелниот шампион на Европа.