Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам.
Македонија денес го одигра последниот натпревар на ова Европското првенство кое го завршуваме со пораз од Холандија со 0:3. Мора да се признае дека денес Холанѓаните ја прикажаа својата класа и немавме многу шанси за позитивен резултатот, иако создадовме неколку прилики, а и два пати ја погодувавме мрежата. Сепак, во двете ситуации и со Тричковски и со Чурлинов имаше офсајд позиција претходно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холандија до водство стигна во 24. минута кога после една контра во која Пандев се жалеше на повреда, Мемфис Депај ја смести топката во мрежата на Димитриевски. Во првото полувреме ние имавме одлична шанса преку Трајковски кој ја погоди стативата.
Натпреварот беше решен во вториот дел кога Вајналдум прво во 51. минута, па во 58. ги постави конечните 0:3. Холанѓаните погодија и една пречка. Tреба да се истакне и настапот на Столе Димитриевски, иако прими три гола сепак одбрани неколку навистина тешки удари.
Посебен момент на натпреварот беше замената на Горан Пандев кога целата Арена го скандираше неговото име, покажувајќи голема почит за се што направи во дресот на Македонија. Тој момент можете да го видите – тука.