На натпреварите на Бреша дел од навивачите и скаутите доаѓат само поради Сандро Тонали, 18 годишниот играч за врска.
Неговата сличност со Андреа Пирло е неверојатна, како физички така и играчки. Позиционирањето, шутот, начинот на додавање, движењете…Дури од Пирло собра разни гестикулации на теренот и надвор од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште една сличност помеѓу овие двајца е што и Пирло кариерата ја започна во Бреша.
„Мислам дека ќе направи голема кариера. Има се што е потребно за да стане голем играч“, изјави Пирло за неговиот наследник кого го запозна минатата година.
Тонали би можел да го сруши рекордот во Серија Б. Го сакаат најголемите италијански клубови, но во овој момет фаворит е Челзи.
„Верувам дека Бреша ќе го пушти за 15 милиони евра, можеби 20. Сигурно дека никогаш поскап играч не играл во втората италијанска лига, ќе го собори рекордот на Марко Верати кој замина во ПСЖ за 12 милиони евра“, убеден е агентот на фудбалерот.
„Веќе ме контактираа Милан, Јувентус, Рома…Меѓутоа ќе биде голема трка се уште не се знае кој ќе помина прв низ целта“, заврши агентот на Тонали кој оваа сезона одигра девет натпревари и запиша три асистенции.