Актуелниот италијански шампион Јувентус испратил скаути во Португалија на дербито помеѓу Бенфика и Порто, а нивна мета бил 23 годишниот Шпанец, Алехандро Грималдо.
Познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо октрива дека Грималдо веќе подолго време е на радарот на Манчестер Јунајтед и Барселона, но дека Јувентус не е без шанси бидејќи негов агент е Жорге Мендеш – човекот кој ги доведе Роналдо и Кансело во Торино ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Старата дама“ во талентираниот Шпанец гледа одлична замена за Алекс Сандро кој подолго време се поврзува со заминување од Јувентус, неговиот договор со Јувентус има важност до 2020 година.
Очекувањата се Бенфика, за Грималдо да бара сума од околу 35 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=0RA_9JmAGR4
Exclusive: #Juventus 'blitz' for #Grimaldo [@FabrizioRomano] https://t.co/WhP41LxYtS pic.twitter.com/TGSueBXRhb
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) October 15, 2018