Едисон Кавани синоќа го сруши актуелниот европски шампион во осминафиналето на Мундијалот во Русија.
Постигна два погодоци против Португалија и го одведе Уругвај во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако има 31 година, се чини дека Кавани не пласира да намали со интензитетот, игра навистина одлично, што беше доказ и синоќа.
Додека тој со своите соиграчи од репрезентацијата ја слави победата и пласманот помеѓу осумте најдобри, италијанските медиуми пренесуваат дека „Ел Матадор“ би можел да се врати во Серија А.
Некогашниот играч на Палермо и Наполи како што се наведува е на радарот на Јувентус и својот некогашен клуб од Наполи.
Сепак, како што кажа самиот фудбалер истакна дека не би можел да игра за некој друг клуб во Италија освен за Наполи, се чини дека Јувентус излегува од трка, додека не треба да се отпише ниту големото враќање на Кавани под Везув.
Наполитанците имаат големи планови, Анчелоти може да привлече некои звучни имиња, веќе соработуваше со Уругвајецот во Париз, а познато е дека бара еден напаѓач. Анчелоти имено, верува дека Мертенс и Кавани би биле идеален напаѓачки тандем.
Останува да видиме, дали Наполи ќе испрати официјално понуда за „Ел Матадор“ на Парижаните, јасно е дека сепак ништо нема да се знае прецизно до крајот на Мундијалот.