Артуро Видал би можел повторно да заигра во Серија А.
Како што пишуваат италијанските медиуми, Артуро Видал има понуда од Интер.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Кинеските сопственци успеаа да го избегнат ограничувањето кога во прашање е финансискиот фер плеј и во овој момент имаат пари за едно големо засилување, а сакаат тоа да биде од средината на теренот.
Рома не сака да го продаде Наинголан, па поради тоа нова мета е Чилеанецот Видал. Цената на Видал веројатно би била околу 60 милиони евра, а Баерн би можел да го продаде бидејќи веќе го доведе Толисио, покрај тоа Анчелоти го форсира Ренато Санчез.
Доколку овој трансфер навистина се случи, нема дилеми дека Артуро Видал ќе биде најомразената личност во Торино, со оглед на тоа дека веќе го навлече гневот на навивачите на Јувентус со неговите изјави откако премина во Баерн Минхен.