Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно игра во врвна форма и е еден од најзаслужните за добрите резултати на Лацио оваа сезона.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Лацио не сака да го продаде српскиот репезентативец, но нема да може да одбие понуди повисоки од 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека за Милинковиќ-Савиќ силен интерес покажува Реал Мадрид, кој веќе спремил понуда од 105 милиони евра.
Поради потешкотиите да дојдат до потписот на Погба, „кралевите“ ќе се насочат кон СМС, играч за кого Зидан смета дека би бил идеален за неговата формација.
Сега на потег е Лацио, кој не сака да остане без својата ѕвезда на средина од сезоната, но не е во ситуација да одбие толку висока понуда.