Полската фудбалска федерација го исклучи од репрезентацијата дефанзивецот Мачеј Рибус бидејќи потпишал за руски тим, Спартак Москва.




32-годишниот Рибус изминатите пет години го носеше дресот на Локомотив Москва, а денес потпиша договор со Спартак.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Селекторот на репрезентацијата Ческав Михњевич разговарал со Рибус и го информирал дека поради актуелната клупска ситуациуа, нема да биде повикан на собирот на репрезентацијата во септември како и дека нема да биде во комбинација за настап на Светското првенство во Катар“, соопшти фудбалската федерација на Полска.




Бидејќи Полска е еден од најголемите критичари на руската инвазија на Украина, јавноста како и Фудбалскиот сојуз сметаат дека е недозволив овој потег на полскиот репрезентативец