Дома Фудбал Останато Полицијата пронајде интересна содржина во хотелската соба на хрватските хулигани

Полицијата пронајде интересна содржина во хотелската соба на хрватските хулигани

Иако веќе поминаа неколку дена од вечното београдско дерби помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан, прашината се уште ја има поради хулиганските испади.

Како што во јавноса е познато, во центарот на вниманието се хулиганите од Хрватска, шест од нив, кои се обвинети за насилно однесување на спортскиот настан, а еден од нив нив поради добиените повреди тој ден се уште е во болница.


Останатите петмина веќе беа на сослушување и одреден им е притвор од 30 дена. Медиумите од Србија секојдневно објавуваат и продолжување на оваа приказна, а најновата ја донесува Курир кој пренесува дека полицајците извшиле претрес во хотелската соба на хулиганите, каде што, меѓу останатото, имаат пронајдено и упатство за нападот на дербито.

Сигурно дека овој индидент на јужната трибина нема така лесно да се прости, а нас ни останува во следните денови да почекаме и да ги дознаеме и останатите детали од оваа приказна. Едно е сигурно – тие повеќе нема да бидат на фудбаслките терени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кој ќе биде Златната копачка? Ѓокереш постигна 38 голови, но Мбапе и Салах се поблиску до трофејот

Возбудата во трката за Златната копачка на Европа достигна кулминација последниве недели, …