Дома Фудбал Полицијата пред финалето од шпанскиот куп апсеше навивачи на Барселона

Полицијата пред финалето од шпанскиот куп апсеше навивачи на Барселона

Со натпреварот од финалето на шпанскиот куп ќе биде спуштена завесата на фудбалската сезона во Шпанија.

Од 21:00 часот на стадионот „Бенито Виљамарин“ силите ќе ги одмерат Барселона и Валенсија. Каталонците се фаворити, но и Валенсија не е без свои шанси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вечерашниот натпревар имаше свој вовед. Шпанската полиција уапси 23 навивачи и вечерва тие нема да бидат на трибините.

„Вчера во Севиља се уапсени 23 навивачи кај кои биле пронајдени тапи предмети во текот на инцидент во подрачјето на Нервион“, соопштија од полицијата.

Инаку, на подрачјето на Нервион се наоѓа стадионот „Санчез Писхуан“ каде своите домашни натпревари ги игра Севиља.

Локалните медиуми пренесуваат дека се работи за навивачи на Барселона. Тие наводно барале физичка пресметка со фановите на Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гана се раздели со селекторот 72 дена пред Мундијалот

Гана го отпушти селекторот Отто Ада само 72 дена пред почетокот на Светското првенство 202…