Дома Фудбал Останато Политиката го победи спортот: Михтаријан не патува со Арсенал во Азербејџан!

Политиката го победи спортот: Михтаријан не патува со Арсенал во Азербејџан!

mihtarian

Ситуацијата е напната и присуството на Хенрик Михтаријан на следниот натпревар на Арсенал не е добро за општата безбедност.

Следниот натпревар во Лигата на Европа, Арсенал го игра против тимот на Карабах, тоа ќе биде гостување во Азербејџан кој е политички непријател на Ерменија.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поради таквата ситуација Хенрик Михтаријан нема да патува со тимот во Азербејџан, Ерменецот сигурно не би се чуствувал безбедно поради напната ситуација која владее помеѓу двете земји.

Медиумите во Англија стигнаа до информација дека Михтаријан се договорил со тренерот Унаи Емери да го пропушти ова гостување.

Карабах е клуб кој е стациониран во Баку, главен град на Азербејџан, но основан во Агдама кој е еден од поголемите градови на територијата Нагорно – Карабах која се наоѓа помеѓу Ерменија и Азербејџан и околу која се водела војната помеѓу Ерменците и Азербејџанците во 1988 до 1994 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…