Славната фудбалска и шоубизнис ѕвезда Кристиано Роналдо, кој моментално го носи дресот на Јувентус, синоќа против Интер го одигра 1.000-от натпревар во својата кариера.
Португалецот зад себе има импресивни бројки. Тој постигна 725 голови и 253 асистенции, настапувајќи за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и португалската репрезентација.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Роналдо има пет златни топки. Во 2016 година го освои Европското првенство со репрезентацијата на Португалија. Има пет титули од Лигата на шампионите и е најдобриот стрелец во историјата на елитното натпреварување.