Дома Фудбал Останато Пол Сколс казнет поради обложување на 140 натпревари

Пол Сколс казнет поради обложување на 140 натпревари

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс денеска парично беше казнет од страна на ФА поради обложување на 140 натпревари во периодот од август 2015. до јануари 2019. година.

Сколс, меѓу другите, се обложувал и на Манчестер Јунајтед каде што во тоа време го водеа Рајан Гигс и Ники Бат и на Валенсија кога тој тим го водеше Гери Невил, а сега доби казна од 8000 фунти. 44-годишниот Англичанец е сопственик на нисколигашот Салфорд Сити, но во овој временски период не се обложувал на овој тим.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Осум обложувања помеѓу 17. август 2015. и 12. јануари 2019. имал на натпревари во ФА Купот, но сите се одиграле откако што Салфорд беше исфрлен од натпреварувањето. Поранешниот играч на Јунајтед доби опомена од страна на ФА за идниот период, а тој се извини поради своите постапки изјавил дека тоа било голема грешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…