Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино призна дека неговата улога во клубот е доста различна во споредба со менаџерите на другите водечки клубови во Англија.
Аргентинецот објасни дека крајниот збор при трансферите не е негов, туку на претседателот на клубот Даниел Леви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спарси“ се блиску до првото ново засилување уште од јануари 2018 година, Крилото на Лидс, Џек Кларк се очекува да се приклучи на Тотенхем, а клубот преговара и со Лион за халфот Танги Ндомбеле.
„Во Тотенхем, Челзи и Арсенал ја нема слободата која ја имаат Пеп Гвардиола и Јирген Клоп во Манчестер Сити и Ливерпул“, изјави Покетино.
„Кај нас последниот збор за трансферите го има претседателот Даниел Леви. Не зависи од мене. Се разбира, го сакам Хари Кејн и ќе ме прашаат за мислење, но одлуката е на Даниел. Истата е ситуацијата и со Ериксен“, објасни аргентинскиот стратег.
Mauricio Pochettino has told Tottenham chairman Daniel Levy it is "essential" Spurs splash the cash this summer to strengthen their squad, reports say.
Gossip: https://t.co/KOH56zC2cM#thfc pic.twitter.com/d0PYx8lioa
— BBC Sport (@BBCSport) June 29, 2019