ПСЖ минатиот викенд на свој терен го победи Лион со 2:1.
„Светците“ со пресврт стигнаа до трите бода, а херој беше Мауро Икарди кој голот за победа го постигна во 92. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, деталот кој го обележи овој натпревар се случи во 76. минута кога Маурисио Покетино одлучи да го замени Лионел Меси на кој тој потег воопшто не му се допадна. Меси беше лут додека излегуваше на теренот и одби да се ракува со Покетино. Потоа француските медиуми објавија дека Покетино го заменил Меси поради ситна повреда, но секако Меси не сакаше да биде заменет.
Токму поради таквиот однос на Меси многумина се сомневаат во таа информација.Денес „Л’Екип“ објави дека Покетино веќе донел одлука Меси да не го започне утрешниот натпревар и ќе остане на клупата, на тој начин сакал да му покаже кој одлучува.
ПСЖ утре игра против Мец на гостински терен, за викендот ги чека дуел со Монпеље, а потоа натпревар со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.