Дома Фудбал Останато Покетино: Секоја недела добивам отказ

Покетино: Секоја недела добивам отказ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино изјави дека е мирен за својата иднина, иако призна дека го нервираат постојаните гласини за негов отказ.

„Имам уште една година од мојот договор, и постојано се шпекулира. Ме отпуштаат секоја недела. Клубот сака да се промени. Претседателот наскоро ќе го објасни новиот проект, но јас сум мирен“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За да стигнете до ПСЖ, треба да бидете добар тренер. После година и пол во Париз, се чувствувам како еден од најдобрите. Водење соблекувална со толку многу ѕвезди е искуство од кое учиш секој ден“, изјави Покетино, а потоа ја искоментира сезоната.

„Бевме многу блиску да го елиминираме Реал Мадрид, мислам дека бевме подобри, но не го зададовме последниот удар. Ако целта е освојување на Лигата на шампионите, нормално е испаѓањето да предизвика ваква бура“, заклучи Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Претседателот на ПСЖ го предупреди Дембеле за новиот договор

Осман Дембеле сака нов, поволен договор со Пари Сен Жермен, но претседателот на клубот Нас…