Дома Фудбал Останато Покетино: Сакам да ја освојам Лигата на шампионите со Тотенхем

Покетино: Сакам да ја освојам Лигата на шампионите со Тотенхем

Според многумина оваа изјава на Маурисио Покетино е премногу оптимистична.

Тотенхем има солиден тим и во овој момент се наоѓаат на третата позиција во Премиер лигата, меѓутоа никој не верува дека имаат тим со кој можат да ја освојат Лигата на шампионите.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Токму ова го посакува тренерот, Маурисио Покетино.

„Мојата најголема желба е освојување на Лигата на шампионите. Понекогаш лушето често ги сфаќаат погрешно моите зборови и мислат дека не сакаме да се бориме за трофејот во ФА Купот или Карабао Купот. Не, не, не и не. Реалноста е поинаква. Ги почитувам сите натпреварувања, но моите амбиции се освојување на Лигата на шампионите и Премиер лигата“, изјави Покетино и додаде:

„Да го освоевме пример Карабао Купот и да завршевме на средина на табелата, верувам дека денес не би зборувал со вас. Веројатно би бил отпуштен, а би имал два или три трофеи во купот“, заврши менаџерот на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд објави бизарно видео: Еве што правеше на полноќ откако сруши рекорд во ЛШ

Eрлинг Халанд (25) стана новиот рекордер на најсилното натпреварувачко фудбалско натпревар…