ПСЖ во првиот натпревар под водство на Маурисио Покетино одигра 1:1 на гости кај Сент Етјен.
Голот за водство на гостите го постигна Ромаин Хамоума во 19. минута, а само три минути подоцна изедначи Моисе Кин. Покетино после натпреварот зборуваше за Килијан Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мора да се поправи како и сите останати. Разочаран е што не победивме, но неговиот став беше добар. Задоволен сум од она што го направи“, изјави Аргентинецот.
ПСЖ во овие моменти е во фаза на преговори за продолжување на договорот со Мбапе иако претходно. Претходно Мбапе многу се поврзуваше со Реал Мадрид, но „АС“ пишува дека ПСЖ му ветил на Покетино дека ќе го задржи.
После 18 кола во француското првенство ПСЖ го дели второто место со Лил и се наоѓа на три бода зад водечкиот Лион.