Приоритет на Челзи во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за врска.
Најновото име на списокот на Покетино е играчот на Барселона, Франк Кеси, пренесуваат медиумите на Островот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Кеси минатото лето пристигна во Барселона како слободен агент од Милан, но не ги задоволи очекувањата на тренерот Чави, па главно е на клупата за резерви.
За него пристигна богата понуда од Саудиска Арабија, но Кеси преферира да остане во Европа, а сега во трката за потписот се вклучи и Челзи.
Барселона за неговата слобода бара 25 милиони евра, сума која нема да биде проблем за лондонскиот клуб.
🚨 NEW : Mauricio Pochettino really likes Franck Kessie, he is on Chelsea’s midfield list. (@MatteMoretto @Relevo) pic.twitter.com/Rrxi6xJHNK
— Pys (@CFCPys) June 28, 2023