Препреки изгледа дека повеќе нема, се би требало да биде готово во неделата која следи…
Италијанскиот стратег избегнуваше да зборува за иднината на Немања Матиќ, Антонио Конте само кратко порача да го прашаат клуб. Србинот не замина на турнеата со екипата, остана да тренира во Лондон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Причината поради која не отпатува на турнеата веројатно е неговиот договорен трансфер во Манчестер Јунајтед, но до овој момент две работи ја попречуваа неговата преселба на „Олд Трафорд“, сепак изгледа дека повеќе пречки нема.
Сумата не е проблем и таа е позната 50 милиони евра со тоа се сложи и Абрамович, но проблем настана кога се во бонусите во прашање. „Сините“ сакаат во договорот да додадат ставка со која би добиле одредени бонуси според резултатите на клубот и минутажата на Матиќ на „Олд Трафорд“.
Втората „пречка“ беше тоа што Конте сака да купи уште еден играч за врска пред да го продаде Матиќ. Сеуште не е познато кој ќе биде тоа, но се шпекулира дека во Челзи сакаат тоа да биде Англичанец со што би останале во границите за правилата за домашни фудбалери, но и млад играч кој би бил вложување во иднината,
Без оглед на се, ситуацијата ќе биде решена наредната недела, шанси Матиќ да остане во Лондон скоро и да не постојат. Јувентус се откажа од неговите услуги бидејќи го сметаше за прескап, па во наредните денови се очекува да биде потврден неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.